http://www.idividi.com.mk/stil/zdravje/1051223/index.html
Кога си решил да танцуваш со ѓаволот не се надевај дека ќе ја избереш песната. 

Луѓето со нулта крвна група се посебни

Ако имате нулта крвна група, вашето генетско наследство ви нуди можност да бидете силни, продуктивни, да имате долг живот и да сте оптимисти.



Оваа група е првобитен тип на крв на нашите предци кои биле лукави и агресивни предатори. Личностите со оваа крвна група играат важна улога во секое друштво, па дури и до денешни времиња. Сепак, кога се под стрес, може да станат лути, хиперактивни и импулсивни. Лошата исхрана, недостатокот од вежбање, нездравите навики или повишеното ниво на стрес ги прави чувствителни на неповолните метаболични ефекти, вклучувајќи и отпорност на инсулин, намалена активност на тироидната жлезда и дебелеење.

Што е она што ја прави нулта крвната група единствена?

Луѓето со нулта крвна група имаат предиспозиции за одредени болести, како што се чировите и дисфункција на тироидната жлезда. Често имаат ниско ниво на хормони на тироидни жлезди и недостаток од јод, хемиски елемент чија единствена цел е да ги регулира хормоните на штитната жлезда. Ова предизвикува многу несакани ефекти, како што се дебелеење, задржување на течности и замор. Исто така, имаат високо ниво на желудочна киселина во однос на луѓето кои имаат други крвни групи, што често доведува до иритација на желудникот и појава на стомачни чиреви.



Во Јапонија, оваа крвна група веќе долго време се поврзува со типот на личноста. Таму дури и на интервју за на работа може да се постави прашањето кој тип на крвна група сте! Луѓето со нулта крвна група најчесто се опишуваат како одговорни, посветени, организирани, фокусирани, совесни и практични. Се верува дека имаат подобра ориентација и дека се подобри логичари, а исто така и нивните предци биле ловци кои морале да набљудуваат и прецизно да го проценат опкружувањето за да може да преживеат.

Подложни на стрес

Поради прекумерниот бес и хиперактивност, може да дојде до стрес. Луѓето со оваа крвна група се подложни на деструктивно однесување кога се премногу уморни, депресивни или кога им е досадно. Тогаш може да се оддадат на коцкање или може да се занимаваат со активности кои го подигнуваат адреналинот, ризикот или импулсивноста. 

Избегнувајте кофеин и алкохол. Кофеинот може посебно да биде штетен поради подигнување на адреналинот и нивото на норадреналин, кои се и онака високи во организмот кај луѓето со оваа крвна група.



Вежбањето е одлично решение, бидејќи има опуштено дејство на целото тело. Повеќе од која било друга крвна група, 0-та крвна група има потреба да биде физички активна поради одржување на здравјето и емоционалните стабилности. Редовната физичка активност е неопходна три до четири пати неделно.

За најдобри резултати, аеробните вежби треба да ги практикувате 30-45 минути најмалку четири пати неделно. Размислете и поставете си цели, било да се на годишно, месечно, неделно или дневно ниво. Така ќе можете да ги контролирате своите импулсивни реакции. Постепено воведувајте и промени во својот начин на живот.

This website was created for free with Own-Free-Website.com. Would you also like to have your own website?
Sign up for free